41-та седница на ДКСК
Врз основа на член 22 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси („Службен весник на Република Македонија” бр.12/19) и член 9 од Деловникот за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата, Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, донесе
ОДЛУКА
за свикување на 41-та седница на Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 30.10.2026 година (петок), со почеток во 11:00 часот, преку ZOOM комуникациската платформа, со следниот предлог
ДНЕВЕН РЕД
- Усвојување на Предлог записник од 40-та седница одржана на 28.09.2026 година
- Донесување на Решение за запишување за лобист во Регистарот на лобисти, лоби организации и лобирање;
- Работа по предмети;
- Прашања и предлози;
- Постапување по предмети отворени по пријави од укажувачи














