ДРЖАВНАТА КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА ЈА ОДРЖА 41-ТА СЕДНИЦА
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денес ја одржа својата 41-та седница.
На денешната седница донесено е решение за запишување на лобист во Регистарот на лобисти, лоби организации и лобирање. Се работи за прв лобист странски државјанин запишан во регистарот.
На седницата, ДКСК донесе 63 одлуки по предмети оформени во рамки на нејзините законски надлежности, од кои 28 се од областа на спречувањето на корупцијата, 27 од областа на евидентирањето и следењето на имотната состојба и 8 од областа на спречувањето на судирот на интереси.
Во три (3) предмети, по утврдување на фактичката состојба, ДКСК одлучи постапувањето да го запре, а предметите, заедно со прибавената документација, да ги достави до Јавното обвинителство за натамошно надлежно постапување.
Во осум (8) предмети, ДКСК утврди дека, надлежните органи постапиле или постапуваат по наводите, поради што е донесена одлука постапувањето пред ДКСК да се запре.
Во шест (6) предмети, по прибирањето на потребните информации и утврдувањето на фактичката состојба, констатирано е дека наводите изнесени во пријавите не се потврдуваат и дека нема елементи за натамошно постапување на ДКСК поради што е донесена одлука постапувањето да се запре.
Во 11 предмети, по утврдување на фактичката состојба, ДКСК одлучи да го запре постапувањето поради тоа што не е утврдена повреда на закон.
Во пет (5) предмети ДКСК, по утврдување на фактичката состојба, констатира дека нема елементи за натамошно постапување на ДКСК поради што донесе одлука постапувањето да го запре.
Во 17 предмети, оформени поради неподнесување изјава за имотната состојба и интересите од страна на избрани и именувани лица, донесена е одлука постапувањето да се запре поради постапување на сторителите по издадените прекршочни платни налози. Во пет (5) од овие предмети, во кои и по плаќањето на глобата лицата сè уште не поднеле изјава, ќе биде доставено укажување до нив за исполнување на законската обврска како и известување до органите кои ги избрале односно именувале.
Во седум (7) е констатирано дека пријавите не содржат елементи за постапување во надлежност на ДКСК, поради што е донесена пријавите да се отфрлат.
Во четири (4) предмети, донесена е одлука пријавите да се отфрлат и истите да се достават на надлежно постапување до друг надлежен орган.
Во 2 (два) предмета е донесена одлука постапувањето да се запре од причина што по постапувањето на ДКСК е променета фактичката состојба, односно е надмината утврдената состојба спротивна на закон.
Воедно, во делот од седницата кој беше затворен за јавноста, ДКСК разгледа и одлучуваше по седум предмети оформени по пријави од укажувачи согласно со Законот за заштита на укажувачите.
Видео-снимката од седницата е објавена на YouTube-каналот на ДКСК.
Одлуките од седница, во деперсонализирана форма, ќе бидат објавени на ВЕБ страницата на ДКСК www.dksk.mk.














