ОДРЖАНА ТЕМАТСКА РАБОТИЛНИЦА ЗА ОБЛАСТА ЈАВНИ НАБАВКИ, ВО ПРОЦЕСОТ НА ПОДГОТОВКА НА НАЦИОНАЛНАТА СТРАТЕГИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА И СУДИРОТ НА ИНТЕРЕСИ 2026-2030 ГОДИНА
Во рамки на подготовките за новата Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030 година, Државната комисија за спречување на корупцијата на 24.11.2025 година, со поддршка на проектот „Заедници со интегритет“, финансиран од владите на Швајцарија и Шведска и имплементиран од Националниот демократски институт (НДИ), одржа целодневна тематска работилница, на која, врз основа на претходно утврдените визија, стратешки цели и клучни проблеми, беа креирани мерки и активности за надминување на приоритетните проблеми, како и надлежни институции за нивна реализација, во хоризонталната област ЈАВНИ НАБАВКИ.
На работилницата беа поканети претставници на државни органи, институции, здруженија, фондации, приватен сектор и медиуми, кои дадоа значаен придонес во потврдување на претходно детектираните проблеми и ризици, утврдување на нови ризици, како и утврдување на мерки, активности и надлежни институции за нивна имплементација.
Согласно Методологијата за изготвување на Националната стратегија 2026-2030, Државната комисија во следниот петгодишен период ќе се фокусира на две хоризонтални области, Јавни набавки и Надзор над спроведување на законите, како и на пет вертикални сектори и тоа: Правосудство, Здравство, Урбанизам и просторно планирање, Животна средина, енергетика и природни ресурси и Транспорт и инфраструктурни објекти.
Во следниот период, Државната комисија секојдневно ќе одржува целодневни работилници за секоја област/ сектор, на кои ќе бидат идентификувани приоритетни проблеми кои генерираат висок степен на корупција, а за нивно надминување ќе бидат креирани мерки и активности, како и надлежни институции за нивна реализација.


















