Учество на вториот состанок на Советодавниот одбор на проектот „Заедници со интегритет“
Денес во просториите Националниот Демократски Институт се одржа вториот состанок на Советодавниот одбор на проектот „Заедници со интегритет“, на кој повторно во фокус беа темите за унапредување на интегритетот, транспарентноста и спречување на корупцијата. Една од клучните точки на дневниот ред беше процесот на подготовка на Националната стратегија за спречување корупцијата и судир на интереси 2026-2030 година, документ што треба да постави јасни стандарди и приоритети во оваа област.
На состанокот на Советодавниот одбор покрај амбасадорите на Швајцарија и Шведска, Заменик претседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, свое обраќање имаа и членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата, Сервет Демири и Софија Спасова Медарска.
Имено, членот на Сервет Демири даде осврт на надлежноста за донесување и важноста на овој комплексен документ, додека пак членот Софија Спасова Медарска во детали ги презентираше чекорите, напредокот и клучните предизвици во процесот на изработка на новата Национална стратегија.




















