Почеток на кампањата „Лобирање во Северна Македонија“
Државната комисија за спречување на корупцијата денеска го означи почетокот на јавната кампања „Лобирање во Северна Македонија“, која се реализира во соработка со ИПА 2020 проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“.
Кампањата има за цел подигање на јавната свест за значењето на транспарентното, етичко и законито лобирање како важен сегмент на демократските процеси и доброто управување.
На настанот беа презентирани целите и планираните активности на кампањата, при што беше истакната потребата од јасни правила, транспарентност и отчетност во процесите на влијание врз креирањето јавни политики. Притоа беше нагласено дека лобирањето, кога се спроведува во согласност со законската рамка, претставува легитимен механизам за учество на засегнатите страни во процесите на донесување одлуки.
Во рамки на настанот беше прикажан и видео материјал изработен како дел од кампањата, насочен кон информирање на јавноста и поттикнување на разбирањето за улогата и значењето на лобирањето.
Кампањата ќе продолжи со серија тематски тркалезни маси наменети за претставници на централната и локалната власт, бизнис заедницата, медиумите и граѓанскиот сектор, со цел поттикнување на дијалог и размена на искуства.
Повеќе информации за кампањата се достапни на:
https://rolaw.mk/mk/campaign-for-transparent-and-legal-lobbying-launched-in-north-macedonia/
Државната комисија за спречување на корупцијата останува посветена на унапредување на транспарентноста, интегритетот и отчетноста, како клучни предуслови за спречување на корупцијата и јакнење на довербата во институциите.














