Обука на тема “Спречување на судир на интереси”
На ден 17 април 2026 година, Државната комисија за спречување на корупцијата одржа обука на тема “Спречување на судир на интереси” на која присуствуваа раководители во Општина Куманово и членови на Совет на Општината. На обуката презентираше Кате Здравкоска, раководител на Сектор за спречување судир на интереси, следење на имотна состојба и интереси и лобирање при Државна комисија за спречување корупција. Програмата „Заедници со интегритет“ ја спроведува Националниот демократски институт (НДИ) во општините: Битола, Боговиње, Гази Баба, Куманово, Македонска Каменица, Неготино, Струга, Струмица, Штип и Скопје.
Програмата има за цел да им помогне на општините да создадат силни системи и практики за интегритет, кои ги минимизираат ризиците од корупција и ја зголемуваат довербата на граѓаните, за да одговорат на ранливоста на корупција на општинско ниво, да ги зајакнат капацитетите на граѓанското општество и медиумите за следење на општинските процеси на донесување одлуки и обезбедување услуги.
Програмата ќе придонесе локалните самоуправи да располагаат со посилни антикорупциски механизми во клучните области на услуги, да ги отворат своите процеси за јавна контрола преку отворени податоци и редовни јавни консултации, да се зајакнат регулаторните механизми, кои влијаат за намалување на можноста за корупција на општинско ниво.
















