Официјално започна 21 – то издание на Летната школана РАИ
Денес во Охрид, Регионалната антикорупциска иницијатива (RAI), во соработка со проектот „Поддршка на ЕУ за јакнење на борбата против криумчарење мигранти и трговија со луѓе во Западен Балкан “ (EU4FAST) и соподдршка на Државната комисија за спречување на корупцијата, им посака добредојде на 25 учесници одЈугоисточна Европа и пошироко на тридневна програмапосветена на учење, размена на професионални искуства и регионална соработка.
Претставници од земјите од Западен Балкан, Бугарија, Хрватска, Молдавија, Романија, Полска и Украина ќедискутираат на овогодишната тема на летната школа:
„Превенција на корупцијата: Практични алатки и методи за управување со границите и миграцијата“.
Летната школа беше официјално отворена со воведниобраќања на претседателот на ДКСК Адем Чучуљ, НиколаНаумовски, виш советник за борба против корупцијата воRAI, Ивана Паневска, советник за заштита во проектотEU4FAST и Даница Стошевска, програмски менаџер воДелегацијата на ЕУ во Северна Македонија.
Учесниците ќе имаат можност да работат со истакнатиексперти, да разменуваат искуства од своите земји и да сезапознаат со иновативни методологии и практични алаткиразвиени во рамките на проектот EU4FAST, финансиран одЕвропската Унија. Програмата има за цел да ги зајакнепрофесионалните капацитети, да поттикне учење прекумеѓусебна размена на искуства и да создаде долгорочнирегионални партнерства.
Со инвестирање во новата генерација професионалци за борба против корупцијата, продолжуваме да ги зајакнувамеинтегритетот, отчетноста и регионалната соработка низЕвропа.
На сите учесници им посакуваме продуктивна, инспиративна и успешна Летна школа!
















