ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 02/2026 за унапредување на 2 (двајца) административни службеници во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата
Врз основа на член 11, член 30 став 1 алинеја 2, став 3 и став 5, член 48 и член 49 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/2014, 199/2014; 48/2015; 154/2015; 5/2016; 142/2016 и 11/2018) и („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 275/2019, 14/2020, 215/2021, 99/2022 и 208/2024), Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на Република Македонија “ бр. 259/2024) како и Правилникот за систематизација на работните места во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата бр. 02-2532/1 од 24.07.2020 година, Правилникот за дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата бр.04-723/1 од 15.02.2021 година, Правилникот за изменување на Правилникот за систематизација на работните места во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата бр.02-2532/1 од 24.07.2020 година и на Правилникот за дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата бр.04-723/1 од 15.02.2021 година, бр.04-576/1 од 05.02.2024 година, Правилникот за изменување на Правилникот за систематизација на работните места во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата бр.04-2267/1 од 22.08.2024 година, Правилникот за изменување на Правилникот за систематизација на работните места во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата бр.04-18/1 од 02.01.2026 година и Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата бр.04-774/2 од 17.02.2026 година, Државната комисија за спречување на корупцијата објавува:
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 02/2026
за унапредување на 2 (двајца) административни службенци во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата
1.УПР0101Б01000 Државен советник за спроведување мерки и активности за спречување на корупцијата и судирот на интереси – 1 извршител
Општи услови:
– да е државјанин на Република Македонија,
– активно да го користи македонскиот јазик,
– да е полнолетен,
– да има општа здравствена способност за работното место и
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
– Стручни квалификации: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки или Економски науки
– Работно искуство: најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку десет години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор.
Општи работни компетенции на напредно ниво
– решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
– учење и развој;
– комуникација;
– остварување резултати;
– работење со други/тимска работа;
– стратешка свест;
– ориентираност кон странките/засегнати страни;
– раководење и
– финансиско управување.
Посебни работни компетенции:
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и
– положен испит за административно управување.
Опис за работното време:
-Работни денови: понеделник-петок
-Работни часови дневно: 8 часа
-Работни часови неделно: 40 часа
-Работно време: од 07:30 до 08:30 часот доаѓање и од 15:30 до 16:30 часот заминување
Паричен нето износ на плата: 52.162,00 денари
- УПР0101Б04000 Раководител на одделение за спречување судир на интереси и лобирање, Одделение за спречување судир на интереси и лобирање, Сектор за спречување судир на интереси, следење на имотна состојба и интереси и лобирање – 1 извршител
Општи услови:
– да е државјанин на Република Македонија,
– активно да го користи македонскиот јазик,
– да е полнолетен,
– да има општа здравствена способност за работното место и
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
– Стручни квалификации: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки, Политички науки или Јавна управа и администрација
– Работно искуство: најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор.
Општи работни компетенции на напредно ниво
– решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
– учење и развој;
– комуникација;
– остварување резултати;
– работење со други/тимска работа;
– стратешка свест;
– ориентираност кон странките/засегнати страни;
– раководење и
– финансиско управување.
Посебни работни компетенции:
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и
– положен испит за административно управување.
Опис за работното време:
-Работни денови: понеделник-петок
-Работни часови дневно: 8 часа
-Работни часови неделно: 40 часа
-Работно време: од 07:30 до 08:30 часот доаѓање и од 15:30 до 16:30 часот заминување
Паричен нето износ на плата: 42.088,00 денари
На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата, кој ги исполнува општите и посебните услови и работните компетенции за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво со Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација на работните места во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата како и следните услови:
– да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување на кое бил оценуван,
– да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
– да поминал најмалку две години на исто ниво и
– да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Кон пријавата кандидатите можат да ги приложат следните докази:
– потврди за успешно реализирани обуки и/или
– потврди за успешно реализирано менторство (како ментор или менториран административен службеник).
Заинтересираните административни службеници, поднесуваат пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата и истата преку архивата на Државната комисија за спречување на корупцијата ја доставуваат до Одделението за управување со човечки ресурси и до службената електронска адреса: hr@dksk.org.mk, најдоцна до рокот утврден во овој оглас.
НАПОМЕНА:Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка по овој оглас.
Потребната документација да се достави во затворен коверт на следната адреса:
Државна комисија за спречување на корупцијата
ул.„Пресвета Богородица“ бр.3, 1000 Скопје
(со назнака „интерен оглас за унапредување“)
Рокот за пријавување на интерниот оглас е 7 (седум) дена од денот на објавување на огласот на веб страната на Државната комисија за спречување на корупцијата и на веб страната на Агенцијата за администрација.














