Работна средба на претседателот на ДКСК Адем Чучуљ со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Адем Чучуљ, денеска оствари работна средба со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на која беа разгледани можностите за унапредување на соработката меѓу двете институции во насока на поефикасна превенција и борба против корупцијата.
Во фокусот на средбата беше унапредувањето на електронската размена на податоци и информации меѓу ДКСК и Министерството за внатрешни работи, со цел обезбедување побрз, поефикасен и посигурен пристап до податоци од значење за постапувањето во предмети од надлежност на двете институции.
Претседателот Чучуљ ја истакна важноста од воспоставување функционални механизми за навремена и ефикасна размена на податоци, особено за потребите на проверката на податоците за имотната состојба и интересите на избраните и именуваните лица.
Соговорниците ја потврдија заедничката определба за зајакнување на институционалниот интегритет, владеењето на правото и неселективната борба против корупцијата, како и подготвеноста за продолжување на соработката преку конкретни активности и механизми за размена на податоци и информации.
ДКСК и Министерството за внатрешни работи остануваат посветени на продлабочување на меѓуинституционалната соработка и создавање поефикасен систем за превенција, откривање и спречување на корупцијата.

















