Претставници на ДКСК учествува на 25-тата професионална конференција и Генерално собрание на EPAC/ECAN во Будва, Црна Гора
Членот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) м-р Сервет Демири и Генералниот секретар на ДКСК м-р Маја Коневска, учествуваа на 25-тата професионална конференција и Генерално собрание на EPAC/ECAN, одржана во Будва, Црна Гора, од 5 до 7 октомври 2026 година.
На конференцијата се дискутираше за практичната примена на мерките за спречување и откривање корупција, институционалната соработка, надзорот, заштитата на финансиските интереси на ЕУ и примената на новите технологии и вештачката интелигенција.
Учесниците разменија искуства и добри практики во примената на новите технологии и вештачката интелигенција во борбата против корупцијата, со цел подобрување на откривањето на ризиците и поефикасно постапување на надлежните институции.
Учеството на претставниците на ДКСК придонесе за размена на искуства и унапредување на соработката со европските институции и мрежи.

















