Претседателот на ДКСК оствари средба со амбасадорот Килијан Вал, шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје
Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Адем Чучуљ, оствари средба со амбасадорот Килијан Вал, кој на 16 ноември 2026 година ја завршува својата дипломатска мисија како шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје.
На средбата беше изразено задоволство од досегашната соработка, како и надеж дека успешната соработка ќе продолжи и во иднина со дипломатската мисија, во насока на натамошно унапредување на институционалните капацитети на ДКСК и зајакнување на напорите за спречување на корупцијата.
Претседателот на ДКСК, Адем Чучуљ, изрази благодарност до амбасадорот Вал за неговата заложба, континуирана поддршка и придонес во работата на ДКСК, нагласувајќи ја важноста на меѓународната соработка и партнерството во унапредувањето на интегритетот и борбата против корупцијата.
Претседателот Чучуљ, на амбасадорот Вал му посака успешна работа и многу успеси во неговите натамошни професионални и дипломатски ангажмани.


















