Средба со Агенцијата за вработување на РСМ
На ден 12.08.2021 година беше одржана средба на Државната комисија за спречување на корупцијата со претставници на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.
Средбата беше реализирана по барање на Државната комисија за спречување на корупцијата, а во врска со обезбедување на пристап до базата на податоци на Агенцијата за вработување на РСМ, со цел поефикасно извршување на надлежностите на ДКСК утврдени согласно со Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.
Присутните се согласија да се склучи Меморандум за меѓусебна соработка помеѓу двете институции, врз основа на кој ќе продолжи во иднина нивното меѓусебно разбирање и поддршка.