Соопштение за потпишан Меморандум за соработка
На ден 22.09.2021 година, Државната комисија за спречување на корупцијата, Државниот завод за ревизија и Клириншка куќа КИБС потпишаа Меморандум за заедничка соработка и Протокол за размена на податоци.
Меморандумот се потпиша во насока на реализација на одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и Законот за државната ревизија, за обезбедување на потребните податоци од учесниците во изборната кампања за извршените трансакции за сметките отворени за оваа намена. Со оваа активност се создаваат услови за реализација на надлежностите, правата и обврските на Државната комисија за спречување на корупцијата и Државниот завод за ревизија во вршењето надзор и ревизија на изборната кампања.
Потпишаниот Протокол обезбедува услови за размена на податоци со кој се регулира опфатот на податоци, роковите на достава, каналите за размена на податоците и други технички и технолошки карактеристики на размената и потпишувањето на пораките.