52-ра седница на ДКСК
Врз основа на член 22, 32 и 33 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси (Сл. весник на РМ бр.12/19), и членот 9 од Деловникот за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата (Пречистен текст), Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, ја донесе следната
ОДЛУКА
за свикување на 52–та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 10.10.2021 година (недела), со почеток во 11:00 часот, во Клубот на органите на државната управа (Клуб на пратеници) на ул. “Метрополит Теодосиј Гологанов “бр. 54, Скопје , со следниот предлог
ДНЕВЕН РЕД
- Постапување по доставени приговори од учесник во изборната кампања за избори за членови на советите на општините и советот на градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје, 2021 година – Локални избори 2021 година:
– Приговор број 12-3709/1 од 05.10.2021 година, поднесен од ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА преку застапник по закон, проф.д-р Димитар Апасиев
– Приговор број 12– 3713/1 од 05.10.2021 година, поднесен од Коалиција „НАЈДОБРОТО ЗА МОЈАТА ОПШТИНА“ -предводена од СДСМ, преку подносител Бранко Георгиевски