59-та седница на ДКСК
Врз основа на член 22 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси (Сл. весник на РМ бр.12/19) и членот 9 од Деловникот за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата (Пречистен текст), Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, ја донесе следната
ОДЛУКА
за свикување на 59–та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 14.01.2022 година (петок), со почеток во 12:00 часот, преку ZOOM комуникациската платфoрма, со следниот предлог
ДНЕВЕН РЕД
- Предлог – Програма за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2022 година со Акционен план за нејзина реализација
- Постапување по конкретни предмети
- Прашања и предлози