ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ИНСТИТУТОТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) потпиша Меморандум за соработка со Институтот за човекови права. Со овој меморандум за соработка ја потврдуваме воспоставената успешна соработка и искажуваме волја за понатамошен заеднички придонес во обезбедување и промовирање на човековите права, препознавање на коруптивни дејствија, спречување на корупцијата, детектирање на коруптивните практики, споделување на податоци и организирање на заеднички активности.