Одржана обука на тема “Антикорупциски мерки во КПУ и ВПУ”
Државната комисија за спречување на корупцијата стои на ставот дека процесот на континуирана едукација претставуваше и сеуште претставува еден од нашите клучните приоритети. Едукацијата директно придонесува кон воспоставување на транспарентен, ефикасен, економичен и одржлив систем на превенција од корупција.
По барање упатено од Управата за извршување на санкциите, претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, г-ѓа Билјана Ивановска, одржа обука на тема “Антикорупциски мерки во КПУ и ВПУ”.
Обуката беше одржана во просториите на КПУ “Идризово”, каде слушатели беа раководните лица на Управата за извршување на санкциите и казнено поправните установи, а со цел придонес кон развојот на пенитенцијарен систем како значаен сегмент од казнено-поправниот систем, со потребно знаење за постоење на превентивни мерки за спречување на корупцијата.
Воедно, на заедничко задоволство на претставниците на двете институции, беше заклучено дека е потребно интензивирање на соработката и понатамошна размена на знаења и позитивни практики, со цел заеднички придонес кон борбата против корупцијата.