Notice: Function WP_Scripts::localize was called incorrectly. Параметарот $l10n мора да биде низа. За да пренесете произволни податоци на скриптите, наместо тоа, користете ја функцијата wp_add_inline_script(). За повеќе информации погледнете Откривање грешки во WordPress. (Оваа порака беше додадена во верзијата 5.7.0.) in /home/dksk/public_html/wp-includes/functions.php on line 5865

Антикорупција едукација за јавните институции

Одржана обука на тема “Антикорупциски мерки во КПУ и ВПУ”

Државната комисија за спречување на корупцијата стои на ставот дека процесот на континуирана едукација претставуваше и сеуште претставува еден од нашите клучните приоритети. Едукацијата директно придонесува кон воспоставување на  транспарентен, ефикасен, економичен и одржлив систем на превенција од корупција.

По барање упатено од Управата за извршување на санкциите, претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, г-ѓа Билјана Ивановска, одржа обука на тема “Антикорупциски мерки во КПУ и ВПУ”.

Обуката беше одржана во просториите на КПУ “Идризово”, каде слушатели беа раководните лица на Управата за извршување на санкциите и казнено поправните установи, а со цел придонес кон развојот на пенитенцијарен систем како значаен сегмент од казнено-поправниот систем, со потребно знаење за постоење на превентивни мерки за спречување на корупцијата.

Воедно, на заедничко задоволство на претставниците на двете институции, беше заклучено дека е потребно интензивирање на соработката  и понатамошна размена на знаења и позитивни практики, со цел заеднички придонес кон борбата против корупцијата.

ДКСК – УЛОГА И ЗНАЧЕЊЕ

Организирана посета на ДКСК од претставници – професори и студенти од Правниот факултет при УКЛО – Битола

Oдржана обука за потребите на Даночната Академија при Управата за јавни приходи