Во ДКСК одржана внатрешна обука за системот на интегритет
Во Државна комисија за спречување на корупцијата, на 25 декември 2025 година, беше одржана обука на тема „Систем на интегритет и улогата на ДКСК во неговата имплементација“, наменета за вработените во секретаријатот на ДКСК.

Обуката ја отвори претседателот на ДКСК, Адем Чучуљ, кој во своето обраќање ја нагласи важноста на системот за интегритет, институционалната култура како предуслов за кредибилитетот и довербата во работата на Државната комисија, истакнувајќи дека ДКСК, покрај законската улога, има и обврска да биде пример за другите институции.

Во рамки на обуката, Александра Чавдаревска, лице за интегритет на ДКСК, ги презентираше клучните аспекти на системот на интегритет, неговите елементи и практичната примена во секојдневното институционално работење.
Посебен акцент беше ставен на:
- поимот и значењето на системот на интегритет како превентивен антикорупциски механизам,
- улогата на ДКСК како носител, координатор и пример во системот за интегритет во национални рамки,
- значењето на довербата, кредибилитетот и институционалниот интегритет,
- како и на личната и професионалната одговорност на секој вработен во градењето и одржувањето на интегритетот.

Обуката беше реализирана во интерактивен формат, со отворена дискусија за етички дилеми и практични ситуации од секојдневната работа, при што беше нагласено дека интегритетот не е само формална обврска, туку суштински дел од професионалното постапување и институционалната одговорност.
Со ваквите внатрешни активности, ДКСК продолжува систематски да го зајакнува сопствениот институционален интегритет, со цел доследно и кредибилно да ја исполнува својата улога во превенцијата од корупција и јакнењето на довербата на јавноста.














