Одржана средба со парламентарна делегација од Австрија
Државната комисија за спречување на корупцијата оствари средба со парламентарна делегација од Австрија, која се наоѓа во службена посета на Република Северна Македонија.
Во рамките на студиската посета парламентарната делегација од Австрија, покрај со ДКСК, ќе оствари средби и со други државни институции со цел давање поддршка за спроведување на потребните реформи на патот на Република Северна Македонија за приклучување кон Европската Унија.
Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска и присутните членови на ДКСК накусо ги запознаа автриските парламентаци со статусот и законските надлежности на ДКСК, начинот на избор на претседателот и членовите на ДКСК, тековните и планираните активности како и со предизвиците со кои ДКСК се соочува во своето функционирање.
Од страна на парламентарната делегација од Австрија беше покажан интерес за постапувањето на надлжените органи по иницијативите и препораките на ДКСК, за независноста на ДКСК и за јавното мислење на проблемот со корупцијата и довербата на граѓаните во ДКСК.
Беше дискутирано за потребите на ДКСК како и за можностите за развивање на соработката. Притоа, од страна на гостите од Австрија беше искажана подготвеноста за воспоставување на соработка и давање на потребна поддршка за зајакнување на статусот на ДКСК за поефикасно спроведување на законските надлежности.
На крајот на средбата, обострано беше искажано задоволство од остварената средба и искажаната подготвеност за соработка.