Средба со антикорупцискиот експерт Драго Кос и Кабинетот на Вицепремиерот за добро владеење
Државната комисија за спречување на корупцијата одржа работна средба со претставници од Кабинетот на Заменик претседателот на Владата задолжен за добро владеење и антикорупцискиот експерт од Словенија г-дин Драго Кос, ангажиран во Кабинетот преку UNOPS за поддршка на напорите за поефикасен систем за превенција и борба против корупцијата.
На средбата се дискутираше за активностите и напорите за спречување на корупцијата, промовирање на интегритетот и доброто владеење во Република Северна Македонија.
Стана збор за активностите за изготвување на новата Национална стратегија 2026-2030 година, при што беше нагласена неопходноста за зајакнување на следењето на нејзината имплементација и улогата на Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата во таа насока.















