Годишна конференција за оценка на остварувањето на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025
На 5 април 2023 година во хотел DoubleTree Хилтон во Скопје се одржа Годишната конференција за оценка на остварувањето на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, за 2022 година.
На Годишната конфереција свои воведни обраќања имаа Билјана Ивановска, Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Славица Грковска, Заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за политики за добро владеење, Дејвид Гир, Амбасадор на Делегацијата на ЕУ во Република Северна Макадонија и Дон Кармин, директор на Канцеларијата за општ развој на УСАИД во Република Северна Македонија.
Заменик претседателот на ДКСК Катица Николовска и членот на ДКСК м-р Владимир Георгиев накусо презентираа и дадоа оценка за остварувањето на Националната стратегија во 2022 година со посебен осврт на незавршените активности, предизвиците и пречките со кои се соочуваат институции и потребата од измени на Националната стратегија.
На крајот на Годишната конференција се отвори дискусија во која учествуваа претставници од институциите кои учествуваа во изготвување на Националната стратегија и кои се надлежни за спроведување на активностите од истата.
Годишната конференција беше дел од проектот „Активност за анти-корупција и интегритет“ кој финансиски е потпомогнат од УСАИД, а го спроведува Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС).