Учество на 14-тиот состанок на Специјалната група за реформа на јавната администрација
Членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата Зоран Богоевски и м-р Сервет Демири учествуваат на 14-тиот состанок на Специјалната група за реформа на јавната администрација помеѓу Европската комисија и Република Македонија, кој за прв пат се одржува во Брисел.
Напредокот во клучните области на реформата на јавнта администрација:
стратешка рамка на реформата на јавната администрација, патоказот за РЈА, вклучувајќи ја и програмата за реформи во управување со јавни финансии, управувањето со човечки ресурси, развој на политики и координација, испораката на услуги, како и отчетноста и транспарентноста на јавните институции, се теми на состанокот.
Состанокот на Специјалната група за реформа на јавната администрација претставува важен механизам за следење на напредокот на Македонија во оваа област и за координација на реформските активности со институциите на Европската Унија.
















