30-та седница на ДКСК
Врз основа на член 22 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.12/19) и член 9 од Деловникот за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата, Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, донесе
ОДЛУКА
за свикување на 30–та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 31.03.2026 година (вторник), со почеток во 10:00 часот, преку ZOOM комуникациската платформа, со следниот предлог
ДНЕВЕН РЕД
- Предлог записник од 29-та седница на ДКСК одржана на 10.03.2026 година;
- Годишен извештај за работа на ДКСК за 2025;
- Годишен извештај за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 за период 01.01.2025 година до 31.12.2025 година;
- Завршен извештај за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 за целокупниот петгодишен период;
- Посебен извештај за утврдени состојби во финансирањето на изборната кампања – повторни избори 2026;
- Прашања и предлози;
- Постапување по пријави од укажувачи.












