Десетта седница на ДКСК
Врз основа на член 22 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.12/19) и член 9 од Деловникот за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата, Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, донесе
ОДЛУКА
за свикување на 10-та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 08.11.2024 година (петок), со почеток во 11:00 часот, преку ZOOM комуникациската платформа, со следниот предлог
ДНЕВЕН РЕД
- Предлог записник од 9-та седница на Државната комисија за спречување на корупцијата одржана на ден 09.10.2024 година;
- Решение за запишување на лоби организација во Регистарот на лобисти , лоби организации и лобирање ;
- Постапување по конкретни предмети;
- Прашања и предлози;