ДКСК и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка за дигитално поврзување и Управниот суд ја потпиша Политиката за интегритет
Денес, Државната комисија за спречување на корупцијата и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка со цел дигитално поврзување преку софтверската платформа – ЕПУС.
Со склучувањето на Меморандумот се создаваат услови за навремена размена на акти и списи, поедноставување и забрзување на постапките, зајакнување на правната сигурност и транспарентноста, намалување на трошоците и воспоставување на ефективен систем за двонасочна комуникација во постапките кои се водат пред Управниот суд а во кои странка е ДКСК.
Истовремено со потишување на Меморандумот, претседателот на Управниот суд г-дин Бурим Сејдини ја потпиша Политиката за интегритет прилагодена на спецификите на судовите.
Претседателот на ДКСК г-дин Адем Чучуљ и претседателот на Управниот суд Сејдини истакнаа задоволсто од потишувањето на двата документи, нагласувајќи дека со имплементацијата на Меморандумот ќе се придонесе за зголемување на транспарентноста и ажурноста во постапките пред Управниот суд додека преку имплементација на Политиката за интегритет ќе се зајакне и унапреди интегритетот на Управниот суд.

















