НАЦИОНАЛНА АНТИКОРУПЦИСКА АГЕНЦИЈА НА РЕПУБЛИКА ИТАЛИЈА (АНАК)

 

Препознавајќи дека корупцијата ги уништува економските и социјалните структури и ја влошува благосостојбата на народите и нациите ширум светот, свесни дека спречувањето и борбата против меѓународната корупција може да се подобри со соработка помеѓу институциите во согласност со законите и регулативите на земјите и истовремено препознавајќи ја важноста на меѓународната соработка и потребата да се спроведат правно обврзувачки меѓународни инструменти за борба против корупцијата, особено Конвенцијата на ООН против корупцијата и нејзините механизми за ревизија, во Август, 2021 година, Италијанската национална антикорупциска агенција (АНАК) и ДКСК, потпишаа Меморандум за разбирање во насока на: подобрување на каналите за откривање и заштитните механизми за укажувачите преку зајакнување на законодавната рамка и институционалните аранжмани; зајакнување на капацитетот на граѓанското општество за поддршка на укажувачите преку застапување јавни политики, јавно образование, правна помош и друга поддршка на укажувачите и зајакнување на јавната свест, особено на младите, за важноста на укажувањето во борбата против корупцијата и едуцирање на јавноста за механизмите за заштита на укажувачите.

Во текот на 2022 година, ДКСК ја продлабочи соработката со АНАК преку мрежата на органи за спречување на корупцијата – НЦПА, во која членуваат двете институции. Имено, преку заедничката соработка, се допринесе кон развивање на документи за развој на национални антикорупциски стратегии и политики, со акцент на приоретизација на предизвиците со кои може да се соочат земјите, односно антикорупциските институции кои се соочуваат со спроведување на таков тип на стратешки документи.

 

МЕМОРАНДУМ ЗА РАЗБИРАЊЕ ПОМЕЃУ НАЦИОНАЛНАТА АНТИКОРУПЦИСКА АГЕНЦИЈА НА РЕПУБЛИКА ИТАЛИЈА И ДРЖАВНАТА КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРПУЦИЈАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА (MK)

МЕМОРАНДУМ ЗА РАЗБИРАЊЕ ПОМЕЃУ НАЦИОНАЛНАТА АНТИКОРУПЦИСКА АГЕНЦИЈА НА РЕПУБЛИКА ИТАЛИЈА И ДРЖАВНАТА КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРПУЦИЈАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА (IT)

Реализирана студиска посета во Рим, Република Италија ЛИНК