Државната комисија за спречување на корупција својата соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје ја започна во 2012 година и во рамки на неа беа реализирани бројни активности за унапредување на демократското управување и превенција на корупцијата во земјава, како и поттикнување на меѓународната соработка. Во 2020 година Државната комисија за спречување на корупција потпиша Меморандум за соработка со Организацијата за безбедност и соработка во Европа Мисија во Скопје за спроведување на заеднички активности во периодот 2020-2022 година. Оваа рамка за соработка има за цел унапредување на практиките за спречување на корупцијата и зајакнување на системот на интегритет. Заедничките активности првенствено ќе бидат во согласност со принципите утврдени во Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси 2021-2025, други национални стратешки документи, како и други поврзани активности. Заедничките активности, вклучително и роковите и другите детали за нивна реализација, ќе бидат утврдени дополнително во Годишни планови за активности договорени заеднички помеѓу Државната комисија за спречување на корупцијата и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
ПРОМОВИРАЊЕ НА
ТРАНСПАРЕНТНОСТА И ОТЧЕТНОСТА
ВО ЈАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ
Промовирање на соработката преку добро
владеење во спроведувањето на
антикорупциската политика
Истражувања од перцепцијата за родовите форми на корупција во Република Северна Македонија – Сектори високо образование и јавна администрација
Извештај за ризиците од корупција во животната средина во Република Северна Македонија
Проценка на ризиците од корупција во правосудството во Северна Македонија (EN, МК, AL)