Обука за интегритет и превенција од корупција за вработените во Агенцијата за храна и ветеринарство
Во рамки на континуираните активности за јакнење на интегритетот и превенција од корупција, на 17 јули 2025 година, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) се одржа обука за вработените во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
Обуката се реализираше по барање на АХВ, со цел унапредување на знаењата за примената на системот на интегритет, етичките стандарди и мерките за спречување на корупција и судир на интереси.
Преку презентации и дискусии, учесниците имаа можност да се запознаат со улогата на ДКСК, правната рамка, клучните елементи на интегритетот, како и практични аспекти на управувањето со ризиците од корупција и судирот на интересите.
Обуката ја спроведоа г-дин Адем Чучуљ, генерален секретар и м-р Александра Чавдаревска, раководител на Одделението за стратешко планирање, соработка, проекти, аналитика и едукација при ДКСК.
ДКСК останува посветена на зајакнување на капацитетите на институциите во насока на транспарентно, етичко и одговорно управување.

















