Одржана средба со претставник од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во нашата држава, Дејвид Маерс, Шеф на политички и економски оддел
На ден 07.08.2023 година Државната комисија за спречување на корупцијата оствари средба со претставник од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во нашата држава, Дејвид Маерс, Шеф на политички и економски оддел.
На средбата се дискутираше за статусот и законските надлежности на ДКСК, за постигнатите резултати, како и за нејзините тековни и планирани активности.
Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска и присутните членови на ДКСК накусо го запознаа претставникот од Амбасадата на САД со начинот на избор на претседателот и членовите на ДКСК, уреден со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, кој се покажа како транспарентен и позитивен.
Од страна на претставникот од Амбасадата на САД беше истакнато дека USAID во континуитет дава поддршка во однос на работата на ДКСК и истата ќе продолжи во иднина.
На крајот на средбата, беше истакнато задоволството од остварената средба како и подготвеноста за натамошна соработка.