Осма седница на ДКСК
Врз основа на член 22 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.12/19) и член 10 од Деловникот за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата, Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, донесе:
ОДЛУКА
за свикување на 8-та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 24.07.2024 година (среда), со почеток во 10:00 часот, преку ZOOM комуникациската платформа, со следниот предлог
ДНЕВЕН РЕД
- Предлог записник од 6-та седница на Државната комисија за спречување на корупцијата одржана на ден 10.06.2024 година и продолжение на 6-та седница на Државната комисија за спречување на корупцијата одржана на ден 12.06.2024 година;
- Предлог записник од 7-та седница на Државната комисија за спречување на корупцијата одржана на ден 08.07.2024 година;
- Постапување по конкретни предмети;
- Прашања и предлози;