Панел дискусија на тема „Интегритетот како алатка во борбата против корупцијата“
Државната комисија за спречување на корупцијата учествуваше на настанот организиран по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата од страна на Транспаренси Интернешнл – Македонија на тема „Интегритетот као алатка во борбата против корупцијата“.
На настанот се обратија претставници од ДКСК, Транспаренси Интернешнл Македонија, Делегацијата на Еевропската унија, Државнниот завод за ревизија, Врховниот суд и Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, кои ја истакнаа важноста на интегритетот и транспарентноста во институциите и споделија искуства и предлози за ефикасна превенција и борба против корупцијата.
Во своето обраќање претседателот Адем Чучуљ се осврна на активностите кои ДКСК ги презема на планот на промовирање и унапредување на интегритетот, поддршката на лицата за интегритет во институциите, антикорупциската проверка на легислативата, контролата на судир на интереси и зајакнувањето на отчетноста на носителите на јавни функции.
ДКСК останува целосно посветена на својата улога, но борбата против корупцијата не е борба на една институција. Таа е заедничка обврска на носителите на јавни функции, на граѓанскиот сектор, на медиумите и на меѓународните партнери, истакна во своето обраќање претседателот Чучуљ.

















