Покана за аплицирање на 3-от курс на IACA „Корупција и измама во јавните набавки“
Проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ во соработка со Меѓународната антикорупциска академија (International Anti-Corruption Academy (IACA), со особено задоволство им нуди на ограничен број државни службеници можност да ги унапредат своите знаења и вештини во областа на борба против корупцијата преку хибриден академски курс за корупција и измама во јавните набавки, кој започнува на 16 април 2026 година.
Заинтересираните кандидати се поканети да го изразат својот интерес во апликацијата/мотивациското писмо на англиски јазик и да го испратат на следната е-пошта sashenka.gramatova-ljuben@rolaw.mk не подоцна од 13 февруари 2026 година.
Дополнителните детали и документите се достапни на следниот линк.














