Потпишан Меморандум за соработка со Комисијата за хартии од вредност
Со цел промовирање на соработката и размена на искуства и експертиза од областа на спречување на корупција и судир на интереси и јакнење на интегритетот во согласност на законски утврдените надлежности, Државната комисија за спречување на корупцијата и Комисијата за хартии од вредност денес потпишаа Меморандум за соработка.
Меморандумот го потпишаа претседателката на ДКСК Билјана Ивановска и претседателката на Комисијата за хартии од вредност м-р Нора Алити.
Со меморандумот е предвидено овозможување на взаемна стручна помош и стручна консултација за прашања од интерес на предметната област, размена на искуства, размена на податоци и информации, организирање на заеднички обуки, организирање на работни средби како и други форми на соработка за прашања од заеднички интерес поврзани со законски утврдените надлежности на двете институции.