Продолжува учеството на Државната комисија за спречување на корупцијата во биатералните скрининг состаноци
![](https://dksk.mk/wp-content/uploads/2023/06/sl1.jpg)
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска беше дел од делегациите на Република Северна Македонијае кои неделава учествуваа на билатералните скрининг состаноци за поглавјето 17 „Економска и монетарна политика“ и поглавјето 29 „Царинска унија“ одржани во Брисел од 06 до 08 јуни 2023 година.
На билатералниот скрининг состаноци за поглавјето 17 „Економска и монетарна политика“ одржан на 06 јуни, преставници на надлежните институции – членови на работната група за наведеното поглавје ги презентираа монетарната и економска политика на Република Северна Македонија како и спроведените реформи во оваа сфера.
На билатералниот скрининг состанок за поглавјето 29 „Царинска унија“ одржан на 07 и 08 јуни стана збор за активностите и реформите во областа на царинската свера како и во однос на олеснување на трговијата и размена на добра, подобрување на услугите кон економските оператори како и усогласувањето на релевантното законодавство за правото на Европската унија во оваа сфера.
![](https://dksk.mk/wp-content/uploads/2023/06/sl2-1024x498.jpg)