РАБОТЕН СОСТАНОК СО ВИЦЕПРЕМИЕРКАТА СЛАВИЦА ГРКОВСКА
На 21.11.2022 година, Државната комисија за спречување на корупцијата одржа работен состанок со Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за политики за добро владеење Славица Грковска.
На работниот состанок се дискустираше за досегашната примена на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, како и за предлозите за негова евентуална измена.
Досегашната примена на Законот за спречување и судир на интереси покажа дека станува збор за добро законско решение, иако, како и секоја регулатива со нејзината примена покажува во која насока треба да се подобрува.
Заеднички беше констатирано дека начинот на избор на претседател и членови на ДКСК уреден со овој Закон се покажа како транспарентен и позитивен и треба да претставува модел на избор кој треба да биде пример за избор на раководни лица на другите институции.