Работилница за примена на законот за заштита на укажувачите
На 25.05.2023 година, Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје одржа работилница за примена на Законот за заштита на укажувачите и правилниците кои произлегуваат од него. На работилницата со свои презентации учествуваа надворешниот експерт ангажиран од ОБСЕ, Иван Тодоровски и овластеното лице за заштитено внатрешно и заштитно надворешно пријавување во ДКСК, м-р Ирена Поповска. Присутни на оваа работилница беа овластени лица за прием на пријави од укажувачи од околу 14 институции од јавниот сектор. На работилницата беа презентирани меѓународни примери поврзани со заштитено пријавување и примери од досегашната македонска пракса од постапување по конкретни предмети и беше остварена конструктивна дискусија помеѓу присутните.