Средба со амбасадорите на Франција и Германија
Состанокот беше можност за отворена и суштинска разменаrr на мислења за состојбата во областа на спречувањето на корупцијата, како и за институционалните капацитети, надлежностите и тековните активности на ДКСК.
Денес, Државна комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) одржа работен состанок со Н.Е. амбасадорот на Француската Република Кристоф Ле Риголер и Н.Е. амбасадорот на Сојузна Република Германија Петра Дрекслер, придружувани од своите експертски тимови.
Во фокусот на разговорите беше и улогата на ДКСК во реализацијата на реформската агенда на државата, како еден од клучните процеси за јакнење на владеењето на правото и градење доверба во институциите. Посебен акцент беше ставен на значењето на ефективната превенција и борба против корупцијата како клучен предуслов за зајакнување на владеењето на правото и за успешно приближување кон Европската Унија, особено во рамките на исполнувањето на обврските од Поглавјата 23 и 24.
На состанокот беше нагласено дека ДКСК претставува еден од централните институционални столбови на антикорупцискиот систем, чија независност, функционалност и ефективно постапување имаат суштинско значење за градење на јавна доверба и одржливи демократски институции.ДКСК ја потврди својата посветеност кон транспарентна, проактивна и институционално одговорна соработка со меѓународните партнери, во насока на заедничка поддршка на реформските процеси и европската интеграција на Република Северна Македонија.
Како заеднички заклучок од состанокот, беше потенцирана важноста од континуирана и системска поддршка спрема активности за исполнување на надлежностите на ДКСК, како и од понатамошно јакнење на нејзините капацитети, со цел унапредување на националните антикорупциски политики и нивно усогласување со европските стандарди.

















