Средба со претставници на Советот на Европа
Денес, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата, беше одржан иницијален состанок помеѓу членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата со претставниците на Делегацијата на Советот на Европа.
Иницијативата за одржувањето на состанокот беше во рамките на потребата и интересот за унапредување на воспоставената соработка како и размена на идеи за идна соработка.
Делегацијата на Советот на Европа ја предводеше раководителот на Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје, г. Олег Солдатов, кој се осврна на досегашната успешна соработка нагласувајќи ја подготвеноста на Советот на Европа за идна поддршка на ДКСК во насока на зајакнуваење на нејзините капацитети и реализација на идни активности.
Претставниците на Советот на Европа се осврнаа на активностите во рамките на Проектот против економски криминал, имплементиран од страна на Советот на Европа, во кој проект ДКСК беше еден од главните корисници.
Заменик – претседателот г. Сервет Демири, во име на ДКСК, изрази задоволството од подготвеноста на Програмската канцеларија на Совет на Европа за унапредување на соработката како и понудената поддршка, нагласувајќи ја важноста на соработката за ДКСК со Советот на Европа во насока на поефикасно извршување на нејзините законски надлежности.