Студиска посета на Комисија за одлучување за судир на интереси на Република Хрватска
Делегација на Комисија за одлучување за судир на интереси на Република Хрватска, предводена од претседателката на Комисијата Наташа Новаковиќ, се наоѓа во дводневна студиска посета на Државната комисија за спречување на корупцијата.
Покрај претседателката Новаковиќ, во составот на делагацијата се членовите на Комисијата Александра Јозиќ – Илековиќ и Тончица Божиќ како и вработени во Комисијата кои работат во областа на спречување на судир на интереси и евидентирање на имотната состојба.
Претсетелката на ДКСК Билјана Ивановска и членовите на ДКСК остварија средба со делегацијата од Република Хрватска при што двете страни накусо ги презентираа надлежностите на двете институции како и нивните тековни и планирани активности. Обострано беше искажано задоволството од воспоставената соработка и потребата истата да продолжи во иднина.
Во рамки на студиската посета, на гостите од Хрватска ќе им бидат детално презентирани законските надлежности како и практичното постапување на ДКСК и алатките и механизмите со кои располага во неколку области и тоа спречување на судирот на интересите, лобирањето, регистарот на избраните и именуваните лица како и евидентирањето и следењето на имотната состојба.