Учество на конференција на тема „Финансиска отчетност на изборите“
Државната комисија за спречување на корупцијата учествуваше на конференцијата на тема „Финансиска отчетност на изборите“ во организација на Државниот завод за ревизија, со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Швајцарската програма за поддршка на изборите во Северна Македонија, спроведена од Меѓународната фондација за изборни системи (IFES),.
На конференцијата, во рамки на втората сесија, која се фокусираше на институционалните активности и подготвеност за претстојните локални избори, каде се дискутираше за заштита на изборниот интегритет, надзор над финансирањето на кампањите и справување со предизвиците во медиумската кампања, свое обраќање имаше членот на ДКСК м-р Цвета Ристовска која се осврна на заштитата на изборниот интегритет, постапувањето на ДКСК и научените лекции од претседателските и парламентарните избори одржани во 2024 година.
На конференцијата учествуваат претставници од клучните национални институции, меѓународната заедница и организации кои ја поддржуваат изборната реформа. Заклучоците од настанот ќе придонесат кон поотчетни и потранспарентни изборни процеси, во интерес на граѓаните и демократскиот развој на државата.


