Учество на работилница на тема „Искористување на колективната интелигенција: Трендови, проблеми, можности и најдобри практики за унапредување на борбата против корупцијата во Западен Балкан во поддршка на реформската агенда на ЕУ“
Раководителот на секторот за стратешко планирање и интегритет Маја Коневска учествуваше на работилница на тема „Искористување на колективната интелигенција: Трендови, проблеми, можности и најдобри практики за унапредување на борбата против корупцијата во Западен Балкан во поддршка на реформската агенда на ЕУ“ која се одржа во Приштина, Косово, во периодот од 02-04 Јуни 2025 година.
Работилницата беше дел од активностите во рамки на проект на УНДП, и на истата покрај Државната комисија, учествуваа претставници на Агенцијата за спречување на корупцијата на Косово, Агенцијата за спречување на корупцијата – Црна Гора и Агенцијата за спречување на корупцијата и координација на борбата против корупцијата (АПИК) – Босна и Херцеговина, како и експерти и претставници на UNDP.
Беа разменети позитивни искуства и практики од земјите во регионот, како и од страна на делегацијата од Република Кореја со посебен фокус на платформата „Чист портал“, моќна алатка за обезбедување транспарентност и отчетност во борбата против корупцијата и пошироко во зајакнување на глобалните напори за борба против корупцијата.
Делегацијата ја посети и Агенцијата за спречување на корупција која ги презентираше иницијативите за борба против корупцијата и иновативната платформа за пријавување на корупција, клучна алатка за промовирање на транспарентноста и граѓанскиот ангажман, развиен со поддршка на Центарот за политики на УНДП во Сеул.



