14-та седница на ДКСК
Врз основа на член 22 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.12/19) и член 10 од Деловникот за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата, Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, донесе:
ОДЛУКА
за свикување на 14-та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 28.01.2025 година (вторник), со почеток во 11:00 часот, преку ZOOM комуникациската платформа, со следниот предлог
ДНЕВЕН РЕД
- Предлог записник од 12-та седница на Државната комисија за спречување на корупцијата одржана на ден 24.12.2024 година и Предлог записник од 13-та седница на Државната комисија за спречување на корупцијата одржана на ден 30.12.2024 година;
- Постапување по конкретни предмети;
- Прашања и предлози;
- Предмети по пријави од укажувачи.