23-та седница на ДКСК
Врз основа на член 22 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.12/19) и член 10 од Деловникот за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата, Заменик – претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, донесе
ОДЛУКА
за свикување на 23-та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 13.10.2025 година (понеделник), со почеток во 10:00 часот, преку ZOOM комуникациската платформа, со следниот предлог
ДНЕВЕН РЕД
- Предлог записник од 22-та седница на ДКСК, одржана на 27.08.2025 година;
- Постапување по изборни предмети;
- Постапување по предмети;
- Прашања и предлози;
- Постапување по пријави од укажувачи.
 
					













