39-та седница на ДКСК
Врз основа на член 22 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси (Сл. весник на РМ бр.12/19) Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, ја донесе следната
ОДЛУКА
за свикување на 39-та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 02.10.2020 година(петок), со почеток во 10:00 часот, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата, за седницата го предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
- Усвојување на Записник од 30-та седница продолжение, Записник 36-та седница и Записник од 36-та продолжение на ДКСК;
- Извештаи од антикорупциска проверка на легислатива:
- Закон за високото образованието(„Службен весник“ број 82/2018) член 174 став 9 и член 176 став 3
- Закон за стратешки инвестиции во Република Северна Македонија („Службен весник на Република С. Македонија“ бр.14/2020)
- Правилник за начинот на работа и користење, просторните, техничко-технолошките и другите карактеристики на надзорниот информациски систем, обемот и начинот на неговото следење и начинот на неговото поврзување и размена на податоците со информацискиот систем на Управата за jавни приходи;
- Закон за трговските друштва (член 346 )
- Закон за здравствената заштита со фокус на одредбите за вработување на здравствени работни, односно соработници и можноста да примаат спонзорства и донации од физички или правни лица;
- Информации по предмет 12-2830 во однос на користење на буџетски средства од страна на државните органи;
- Информирање за исполнување на обврската за доставување на анкетен лист за престанок за функцијата пратеник во мандатен период 2016-2020 година;
- Постапување по конкретни предмети.