45-та седница на ДКСК
Врз основа на член 22 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси (Сл. весник на РМ бр.12/19) Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, ја донесе следната
ОДЛУКА
за свикување на 45–та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 29.12.2020 година (вторник), со почеток во 10:00 часот, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата, за седницата го предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
- Годишна програма за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2021 година;
- Годишен план за проверка на имотна состојба и интереси за 2021 година;
- Стратегија за управување со ризици 2021-2023 година;
- Постапување по конкретни предмети.