72-та седница на ДКСК
Врз основа на член 22 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси (Сл. весник на РМ бр.12/19) и членот 10 од Деловникот за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата (Пречистен текст), заменик Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, ја донесе следната
ОДЛУКА
за свикување на 72-та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 29.07.2022 година (петок), со почеток во 10:00 часот, преку ZOOM комуникациската платфoрма, со следниот предлог
ДНЕВЕН РЕД
- Информирање во врска со спроведениот јавен оглас број 39 /2022 за вработување на 13 државни службеници во ДКСК
- Предлог – Записник од 67-та седница на ДКСК од 13.05.2022 година; Предлог – Записник од 69-та седница на ДКСК од 01.06.2022 година; Предлог – Записник од 70-та седница на ДКСК од 09.06.2022 година и Предлог – Записник од 71-та седница на ДКСК од 30.06.2022 година;
- Избор на заменик претседател на ДКСК ;
- Предлог- Одлука за отпочнување активности за изменување и дополнување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интересот со Акционен план за нејзино спроведување 2021-2025 година
- Работа по конкретни предмети
- Прашања и предлози