79-та седница на ДКСК
Врз основа на член 22 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси (Сл. весник на РМ бр.12/19) и членот 9 од Деловникот за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата, Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, ја донесе следната
ОДЛУКА
за свикување на 79-та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 28.12.2022 година (среда), со почеток во 11:00 часот, преку ZOOM комуникациската платфoрма, со следниот предлог
ДНЕВЕН РЕД
- Предлог – Записник од 77-та седница на ДКСК од 14.2022 г. и Предлог – Записник од 78-та седница на ДКСК од 24.11.2022 година;
- Програма за работа на ДКСК за 2023 година
- Годишен план за следење на имотна состојба и судирот на интереси за 2023 година
- Годишен план за спроведување на антикорупциска проверка на легислативата за 2023 година
- Прашања и предлози
- Постапување по предмети оформени по пријави од укажувачи согласно Законот за заштита на укажувачите