81-та седница на ДКСК
Врз основа на член 22 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси (Сл. весник на РМ бр.12/19) и членот 9 од Деловникот за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата, Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, ја донесе следната
ОДЛУКА
за свикување на 81-та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 03.02.2023 година (петок), со почеток во 10:00 часот, преку ZOOM комуникациската платфoрма, со следниот предлог
ДНЕВЕН РЕД
- Избор на Заменик претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата;
- Правилник за управување со судир на интереси и пријавување на дополнителен ангажман за службените лица во ДКСК
- Информирање за извршена редовна проверка на поднесените Изјави за интереси и утврдените прекршувања на забраните од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси;
- Постапување по конкретни предмети;
- Извештаи од спроведена антикорупциска проверка на легислативата;
- Прашања и предлози.