84-та седница на ДКСК
Врз основа на член 22 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси (Сл. весник на РМ бр.12/19) и членот 10 од Деловникот за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата, Заменик претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, ја донесе следната
ОДЛУКА
за свикување на 84-та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 30.03.2023 година (четврток), со почеток во 9:30 часот, преку ZOOM комуникациската платфoрма, со следниот предлог
ДНЕВЕН РЕД
- Предлог – Записник од 83-та седница на ДКСК од 27.2023 година
- Годишен извештај за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2022 година
- Годишен извештај за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, за период 01.01.2022 година до 31.12.2022 година
- Правилник за формата и содржината на образецот на изјавата за имотна состојба и интереси и за пријавување промена во имотната состојба и интереси
- Постапување по конкретни предмети
- Прашања и предлози